Поврзете се со нас

Англија

Покетино призна дека едно летно засилување има проблем со дисциплината

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси освои само пет бода во првите пет рунди во Премиер лигата и тоа дефинитивно не е стартот кој го замислуваа навивачите, кои на последниот меч се јавија и со свирежи од трибините.

Ремито со Борнмут беше уште една потврда дека тимот на Маурисио Покетино се уште е во фаза на почетна конструкција, но фудбалот постојано дава нови шанси и Челси веќе утре ќе има тежок испит.

„Сините“ ќе играат на домашен терен против амбициозната Астон Вила, а во најавата за натпреварот, Покетино говорел и за летното засилување кое наместо да дава голови, засега се истакнува по јавните опомени од судиите.

Џексон дојде како големо засилување од Вилјареал, но во првите пет рунди во Премиер лигата се истакна по тоа што доби четири жолти картони, нешто што е комплетно некарактеристично за еден напаѓач.

– Морам да кажам дека разговарав со Џексон за оваа ситуација и тоа го направивме заедно со Енцо Фернандез. Тоа се евтини жолти картони, доби опомени поради протести кон судиите. Мора да сфати дека со таков пристап, набрзо ќе го стави тимот во тешка ситуација. Тој е многу млад и ќе биде фантатичен играч, но мора да остане мирен и релаксиран на теренот. Може да ме обвинувате мене, може и моите играчи, но потребно ни е време за да се навикнеме едни на други. Нема сомнежи дека овој тим поседува голем талент, но потребно е и малку време, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни