Поврзете се со нас

Свет

Пешевски блескаше во триумфот над Балинген

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски одигра квалитетен натпревар во дресот на Штутгарт кој денеска се избори за славје над Балинген од 27-26 во средбата од седмата рунда во Бундеслигата.

Ова беше битка во која домаќините во повеќе направи имаа и плус четири, меѓутоа гостинскитте ракометари не се предаваа, притискаа и докрај беа во игра за бодови. На крајот Штутгарт беше тој што го имаше последниот збор и се избори за за втор триумф во натпреварувачката 2021/2022.

Пешевски беше автор на пет голови од шест обиди со што беше втор стрелец во својот тим зад Лон кој даде шест погодоци.

Жаре и соиграчите во следното коло ги очекува тешко гостување кај Флензбург, тим кој денеска го загуби дербито од Магдебург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни