Поврзете се со нас

Англија

Перез за големата „ѕверка“ од Премиер лигата: Веќе ги имаме најдобрите играчи

Објавено

на

Реал Мадрид беше супер успешен во минатата сезона, а и во оваа засега игра на највисоко ниво иако остане без еден од најважните играчи за титулите во претходните години Касемиро кој се пресели во Манчестер Јунајтед.

Познато е дека „кралевите“ секогаш ги „ловат“ најдобрите, најтрактивните играчи или млади асови со голем потенцијал кои треба да експолодираат. Има доста примери за тоа, но во исто време сите овие резултати го ставаат шпанскиот великан во покомотна позиција и нема потреба по секоја цена на инсистира за некои фудбалери како што е тоа со примерот со Килијан Мбапе.

Мбапе беше посакуван од Реал и се некако изгледаше дека ќе заврши на „Бернабеу“, но откако тој им „заби нож во грб“ работите се оладија и најдобар доказ се неколкуте изјави на претседателот Флорентино Перез од која послената беше пред неколку денови кога се појавија информации дека напаѓачот не е среќен во Париз.

-Не ми здосади да ме прашуваат за Мбапе, но да бидам искрен, веќе не ни читам што се пишува за него. После тоа што се случи минатото лето, нема никаква смисла да се зборува за него. Сега имаме двајца други надежни играчи во тимот. Родриго и Винисиус се играчи кои можат да ја освојат „Златната топка“, -порача Флорентино кој по се изгледа не размислува и за големата „ѕверка“ од Премиер лигата, Ерлинг Халанд кој заедно со Мбапе важат за играчи предводници на новата генерација.

-Немам идеја дали има откупна клаузула. Веќе ги имаме најдобрите играчи, -рече Перез.

Јавноста, медиумите го гледаат Халанд како замена за Карим Бензема, но останува да видиме дали ќе се реализира ваков тренсфер во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни