Евролига
Партизан потклекна во Истанбул: Од „плус 17“ до тежок пораз од Фенербахче

По 20 одиграни натпревари во Евролигата, Партизан има половичен ефект од десет победи и десет порази, а последниот неуспех пристигна вечерва на жешкото гостување во Истанбул.
Партизан извонредно го почна овој меч и беше далеку поагресивен тим на теренот, па иако втората четвртина ја стартуваше со предност од 17 поени, момците на Жељко Обрадовиќ на крајот претрпеа тежок пораз.
Убавата двоцифрена предност почна да се топи уште пред крајот на првото полувреме и Фенербахче целосно ја анулираше на крајот на третиот период, по што следеше неверојатна серија на домаќините од 24:2.
Ова беше пресудно за тежок пораз на Партизан од 91:76, по што станува јасно дека Партизан ќе води тешка битка за да се најде во плејофот во Евролигата.
Кевин Пантер со 18 поени беше најефиксен во редовите на Партизан, Нанели уфрли 14, додека најдобар играч на паркетот беше Дорси со 24 од победничкиот табор.
-
НБА23 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија21 час
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА24 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
АТП12 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
НБА11 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари