Поврзете се со нас

Италија

Паљука го советува Донарума: Мора добро да размисли за една работа

Објавено

на

Џанлука Паљука своевремено важеше за еден од најдобрите италијански голмани, нешто што денеска е членот на Милан Џанлуиџи Донарума.

Донарума уште како тинејџер застана на голот на „росонерите“ и веќе неколку години е број еден, но неговата иднина во Милано е ставена под знак прашалник. Тој има уште една година од договорот и прашање е дали и понатаму ќе остане „црвено-црн“ или пак ќе се испроба во некој друг клуб во кој ќе има повеќе шанси за титула.

Според легендарниот Паљука неговиот сонародник треба добро да размисли каков потег ќе повлече со оглед на ситуацијата во која Милан се наоѓа, поточно смета дека треба да каже „ДА“ ако дојде понуда од Премиер лигата.

-Тој е многу близок со Милан, сака да остане, ама мора да биде претпазлив. Ќе минат многу години пред нешто да освојат. Постојат екипи кои се пред нив, мора да размислите за тоа. Ако дојде одлична понуда, јас би размислил, особено ако е од Премиер лигата. Да бев на негово место, би имал за цел да одам во Премиер лигата, -порача Паљука.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни