Поврзете се со нас

Италија

Ориги со неодбранлив удар го „скрши мразот“ во Серија А (Видео)

Објавено

на

Милан запиша нова победа во Серија А и продолжи да собира бодови како бранител на титулата, откако денеска не наиде на посериозен отпор во Монца која ја водат двете легенди на клубот од „Сан Сиро“.

Силвио Берлускони и Адријано Галијани дојдоа во Милано како предводници на Монца, но си заминаа со висок пораз бидејќи фаворитот ја оправда ваквата улога и погоди дури четири пати во мрежата на гостинскиот тим.

Брахим Дијаз го најави триумфот со два погодоци во првото полувреме, додека вторите 45 минути донесоа три гола, два во мрежата на Монца и еден во онаа на Татарушану.

Дивок Ориги конечно го „скрши мразот“ и со неодбранлив удар го постигна својот прв гол како напаѓач на Милан, а по голот за 3:0, следеше гол на Ранокија за 3:1.

Во самата завршница, Тео украде топката по грешката на потесната одбрана на Монца, а Леао ги постави конечните 4:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни