Поврзете се со нас

Свет

Ново импресивно издание: Ончев до врв ја наполни мрежата на Марибор

Објавено

на

Македонскиот интернационалец Тоше Ончев продолжува со своите одлични изданија во дресот на Тримо Требње каде најновиот блескок го имаше вечерва во пресметката против Марибор во првата лига на Словенија.

Ончев беше незадржлив и нерешлива енигма за гостите, односно со своите десет погодоци му го отвори патот на Требње со триумф на овој дуел од 30-24.

Во двете полувремиња домашните играчи дадоа по 15 погодоци и имаа апсолутна контрола врз резултатот и играта. Свои минути кај победникот имаше и вториот Македонец, Милан Лазаревски кој даде еден гол, но и заработи две исклучувања.

Тоше, Милан и соиграчите со 28 бода се на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни