Поврзете се со нас

Шпанија

Неверојатниот слалом на Винисиус: Претрча 60 метри и ги „измести“ чуварите, но Столе доби сојузник во последен час (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид имаше огромна среќа во судиското надополнување и навистина несфатливо е како играчот на Рајо Валјекано не погоди во ситуација кога се чинеше дека Тибо Куртоа е веќе совладан, промашување кое му овозможи на фаворитот да го сочува водството од 2:1 и да оствари нова важна победа.

„Кралевите“ се изнамачија со малиот градски ривал Рајо во самата завршница и на потешкиот начин стигнаа до трите бода, а натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ е само уште една потврда дека Столе Димитриевски и неговите соиграчи се навистина незгодни и непредвидливи за игра.

Македонскиот чувар на мрежата заврши одлична работа пред Рајо да се врати во игра со голот на Фалкао и имаше добри интервенции, но на стартот на вториот дел, имаше и среќа.

Всушност, сојузник му беше неговиот соиграч Оскар Валентин, кој спречи да го видиме голот на сезоната во шпанската Примера уште во раната фаза на натпреварувањето.

Расположениот Винисиус уште еднаш ни демонстрираше колку е опасен и брз со топката во нозе, па во дадената ситуација направи се сам откако ја доби топката од Тони Крос. Бразилецот претрча 60-тина метри, нанижа тројца противници и ги „измести“ чуварите, но во моменти кога го совлада и Столе Димитриевски, пред гол линијата реагираше Валентин кој не дозволи топката да заврши во мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни