Поврзете се со нас

Англија

Нема место за Јунајтед: Барнс ги издвои екипите кои ќе завршат во Топ 4 во Премиер лигата

Објавено

на

Во англиската Премиер лига веќе почна да се игра вториот дел од оваа сезона со тоа што треба да се потенцира дека добар дел од мечевите во последниот период се одложија, па така различен е бројот на натпревари кои досега екипите ги одиграа во најдобрата фудбалска конкуренција на островот.

Меѓутоа веќе се има одредена слика, па така некогашниот англиски репрезентатвец и екс член на Ливерпул, Њукасл, Вотфорд и Чарлтон, Џон Барнс направи или поточно даде прогноза за тоа кој ќе заврши во Топ 4.

Барнс смета дека Манчестер Сити ќе биде сигурен на врвот, по него ќе бидат Ливерпул и Челси, додека последниот патник во ЛШ ќе се бира меѓу Тотенхем и Арсенал, односно го отпиша Манчестер Јунајтед.

-Тотенхем е подобро пoзициониран од Јунајтед бидејќи Јунајтед секогаш ќе биде неконзистентен, без разлика на новиот менаџер. Сите го обвинуваа Солскјаер за нивните проблеми, малку како кога сите во Ливерпул го обвинуваа Рој Хоџсон кога играчите требаше да преземат одговорност.

-Играчите на Јунајтед не играат. Вест Хем има малку конзистентност, но јас би ги направил Арсенал или Тотенхем фаворити да завршат четврти,-вели Барнс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни