Поврзете се со нас

Свет

Нејмар ја направи смешна одбраната на Перу, Бразил во финалето на Копа Америка (Видео)

Објавено

на

Бразил е првиот финалист на Копа Америка, статус за кој се избори со победата од 1:0 над Перу.

Домаќинот на турнирот ќе има можност да ја брани титулата, а повторно решавачкиот гол беше дело на Пакета.

Бразилците не беа убедливи, но решавачкиот момент се случи во 35. минута, кога Нејмар повлече контра, мајсторски се ослободи од тројца фудбалери и го проигра Пакета, кој ја имаше полесната задача да го совлада Галес.

Противник на Бразил во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Колумбија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни