Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Недвед: Реал Мадрид или Сити? Прво мора да…

Објавено

на

Лигата на шампионите ќе продолжи наредниот месец и тоа прво со мечевите кои останаа од осминафиналната фаза за да потоа се замине на завршниот турнир кој ќе се одржи во Португалија.

Денеска го дознавме распоредот на мечевите, поточно кои дуели можеме да ги очекуваме до самиот крај, а една од можните битки е онаа на Јувентус со Реал Мадрид или Манчестер Сити. Меѓутоа во таборот на „бјанконерите“ не сакаат да размислуваат за тоа и првата цел им е да дојдат до Португалија, а за да го направат тоа мора да го елиминираат Лион кој славеше на првиот натпревар во Франција со 1-0.

Епилог од ждрепката во Нион: Составен комплетниот костур за четвртфиналните и полуфиналните дуели во ЛШ (Фото)

-Реал и Сити се двете екипи кандидати за трофејот и во секој случај тоа ќе биде тешка пресметка. Нашата цел сега е да дојдеме до Португалија. Овој нов формат со три нокаут рунди е интересен за фудбалот низ светот особено затоа што се игра во период кога нормално нема фудбал, -истакна Павел Недвед за сајтот на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни