Поврзете се со нас

НБА

НБА лотаријата донесе џек-пот за Сан Антонио, Попович добива втора шанса за градење династија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Виктор Вембанјама го привлече вниманието на себе со своите неверојатни изданија за Метрополитанс 92, а рано утрово се најде во центарот на вниманието за време на драфт лотаријата која се одржа во Америка.

Џек-потот оваа година го доби Сан Антонио, франшиза која ќе има можност прва да бира на НБА драфтот кој следи, по што повеќе од јасно е дека ќе го избере токму Вембанјама.

Франшизата од Тексас ја добри привилелгијата да бира прва и со сигурност ќе го „собере“ неверојатниот 19-годишен талент, што ги натера фановите на Сан Антонио да се вратат во далечната 1997-ма година.

Грег Попович тогаш го доби Тим Данкан и го постави него како темел при градењето на една кошаркарска династија, а речиси три децении подоцна, искусниот Грег сега ќе добие нова шанса да гради тим врз Вембанјама.

– Мојата цел е да освојам прстен во НБА лигата што е можно побрзо. Бидете подготвени за тоа, – изјавил Вембанјама за „ЕСПН“ по крајот на драфт лотаријата која се одржа рано утрово, а на која покрај Сан Антонио, со добра среќа минаа и Шарлот, Портланд, Хјустон и Детроит кои ќе бираат веднаш после Спарси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни