Поврзете се со нас

Италија

Наполи ја одредил цената за која Ким може да се пресели во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Новиот италијански шампион Наполи ќе добие многу понуди за своите ѕвезди, а италијанските медиуми тврдат дека најблиску до заминување е Ким Мин-јае.

Дефанзивецот е следен од неколку европски клубови, а најблиску до неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Наполи ја одредил цената од 60 милиони евра како прифатлива за збогување со Ким, па сега на потег е премиерлигашот на кого му треба засилување во стоперската линија.

Ким има откупна клаузула во договорот која изнесува 45 милиони евра, но ќе биде валидна дури следното лето. Тоа значи дека Јунајтед ќе мора да плати повеќе ако сака да го добие уште во јуни и со него да го планира составот за новата сезона.

Наполи ќе мора да размисли добро и за понудите за Виктор Осимен, бидејќи богатите европски клубови не би штеделе за потписот на Нигериецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни