Поврзете се со нас

Италија

Најемотивно ја доживеа титулата: Елмас и соиграчите лудуваа, Квича не можеше да се соземе од плачење (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Квича Кварацхелија е откровение на сезоната во Серија А, но Грузиецот оствари и успех каков што им тргнал од рака на малкумина, бидјеќи стана италијански шампион во својата прва сезона во елитата.

Момчето за кое малкумина имаа слушнато дојде како вистински анонимец во Неапол, но 10 месеци подоцна, тој е еден од најзаслужните за ставањето крај на долгото чекање.

Наполи ја освои титулата во домашното првенство по пауза од 33 години, а Квича стана првиот Грузиец кој го освои Скудетото по легендарниот Каха Каладзе.

Поради тоа, Квича беше најемотивен во еуфоричното славје на наполитанците, па додека Елмас и соиграчите скокаа од радост, Грузиецот не можеше да се соземе од плачење.

Ова е огромен успех за момчето кое пристигна во Италија пред неполна година, а веќе повеќе од јасно е дека неговата иднина е блескава во европскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни