Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 17 години загубија од Русија

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа пораз во првиот контролен дуел со соодветната селекција на Русија.

На терените на „Папилон Хотелс Белвил”, противникот со комплетен пресврт во второто полувреме успеа да слави победа од 2:1. Македонија одлично го започна натпреварот и во 16 минута преку Елези Дашмир поведе со 1:0.

До крајот на првиот дел избраниците на селекторот Драган Канатларовски не успеаа да искористат извонредна прилика за зголемување на предноста. Во вториот дел, Русија направи пресврт, ги искористи нашите грешки и постигна два гола во 62 и 83 минута од мечот.

-Задоволен сум од прикажаната игра, по подолг период повторно сме заедно пак во репрезентацијата. Покажавме квалитетна игра против силна репрезентација. Задоволен сум од желбата и ставот на моите фудбалери. Покажавме дека заедно колективно можеме да се носиме со силни репрезентации од калибарот на Русија,  вели селекторот Драган Канатларовски.

МАКЕДОНИЈА:  Тасев, Јаневски, Зеќири, Поповски, Ристов, Софијановски, Ангелов, Чилафи, Софијановски, Гуџуфи, Елези;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни