Поврзете се со нас

АТП

Надал отворено: Телото веќе некое време ми испраќа сигнали…

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал не успеа да избори место во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид или поточно на тој пат му застана Јири Лехечка кој славеше со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-4.

Ветеранот не можеше соодветно да одговори, поточно да биде на посакуваното ниво по исцрпувачкиот меч кој го имаше во претходната рунда, па иако се бореше на крајот беше поразен во дуелот кој за него најверојатно ќе биде последен во шпанската престолнина.

Надал загуби и доживеа неверојатно испраќање во Мадрид, очите му се насолзија и на Чоло Симеоне (Видео)

-Ова е шега, ќе се вратам следната година“, го започна својот говор Рафа и ја насмеа публиката која плачеше.

-Тежок ден за мене, но животот и телото ми испратија сигнали дека е вистинското време. Можам само да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа во кариерата во одреден момент. Сè уште не е готово, но тука сме. Тоа е подарокот што ми го давате 21 година. Мадрид ми беше поважен од Грен слем. Емоциите од Мадрид ќе останат со мене засекогаш. Имав среќа што успеав да го претворам моето хоби во работа и што добро го работам и не барам ништо повеќе. Се надевам дека успеав да бидам добар пример за новите генерации. Тоа е поважно од титулите. Се надевам дека предизвикав позитивни емоции. Единствено што можам да кажам е благодарам, -рече Шпанецот кој потврди дека ќе настапи во Рим.

-Ова беше тежок ден, но сега е реалност. Животот и телото веќе долго време ми праќаат сигнали. Морав да се збогувам играјќи на овој терен, со оние кои најмногу ме трогнаа, каде што играв како што сакав. На крајот, сакам да им се заблагодарам на сите што го овозможија овој турнир, генерациите ќе продолжат да уживаат во оваа атмосфера. Моето семејство ќе ви се заблагодари на денот кога ќе се пензионирам.

-Не сакав да плачам, бидејќи не го завршив патувањето со рекетот во рака. Ова беше исклучително емотивна ноќ. Но, не е време да ослободам се што имам во себе во однос на емоциите и не сакам да го ослободам целиот тој адреналин што не можев да го замислам овде на 38 години. Сакам да играм во Рим. Ќе работам напорно за тоа да се случи. Тоа е еден од најважните турнири во мојата кариера, го освоив 10 пати, -порача големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни