Поврзете се со нас

АТП

Надал го откажа настапот на турнирот во Катар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Враќањето на Рафаел Надал на тениските терени нема да се случи на турнирот во Катар, бидејќи шпанскиот тенисер денеска потврди дека нема да учествува на турнирот во Доха.

Надал се врати на турнирот во Бризбејн на почетокот на годината, но заработи нова повреда, поради која мораше да го пропушти Аустралијан Опен.

– Посакувам да можев да настапувам во Доха.

– За жал, не сум подготвен за натпреварувачки формат. Ќе се фокусирам на обидот да бидам подготвен за мечот во Лас Вегас, како и фантастичниот Индијан Велс, – објави Надал.

Според новиот план, Надал треба да игра егзебициски меч против сонародникот Карлос Алкарас на 3. март, а неколку дена подоцна ќе го започне настапот на Индијан Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни