Поврзете се со нас

Репрезентација

Муслиу: Не се плашиме од Италија

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација втор ден по ред се подготвува за првиот предизвик во месец септември, кој дефинитивно нема да биде воопшто лесен после бурниот јунски квалификациски циклус.

По болните порази од Украина и Англија, Македонија сега ќе ја пречека Италија на „Тодор Проески“, што ќе биде прва пресметка за двете селекции после онаа незаборавната од пред една и пол година.

„Рисовите“ тогаш направија историски подвиг и ја победија Италија во баражот за Светско првенство, па јасно е дека „аѕурите“ ќе бидат дополнително мотивирани за одмазда.

– Сакаме да се покажеме во наше најдобро светло и да бидеме подобри од тоа што го прикажавме на последните два меча. Целта е да бидеме подобри на физички, психички и тактички план.

– Тие ќе дојдат со свој план, но ние имаше наш план. Не се плашиме, немаме страв и нема првпат да играме со европскиот шампион. Ќе почнеме од нула, да ги заборавиме последните два меча, од кои повеќе боли оној против Украина. Сега тоа е зад нас и гледаме само напред, – изјави Висар Муслиу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни