Поврзете се со нас

Конференциска лига

Мурињо повторно загуби од Бодо, па порача: Немам проблем да кажам…

Објавено

на

Екипата на Рома и во третата сезонска победа не успеа да се израдува на победа против Бодо/Глимт во Конференциската лига на УЕФА со тоа што овојпат загуби „само“ со 2-1 во четвртфиналната фаза.

Калчолигашот го доби првиот дел, но норвешкиот претставник беше упорен и во второто полувреме се избори за пресврт и предност пред реваншот закажан за наредната седмица во Рим. Тренерот на „волчицата“ дефинитивно не очекуваше ваков резултат, па во свој стил имаше изговори за поразот кој е подобрување ако се земе предвид дека во групната фаза од истиот ривал претрпе дебакл од 6-1.

-Двата гола беа од прекин и мешаница. Постигнуваме и многу голови од прекини, но добро е да се даде, а лошо е да се прими. Првиот гол беше смешен. Да бидам искрен, она што најмногу ме загрижува е повредата на Манчини. Тоа е загриженост, тоа е нешто предизвикано од играње на вештачка трева, -истакна Жозе кој се надева дека ќе има подобар судија и асистенти на втората средба.

-Загубивме со 2-1, го чекаме реваншот на Олимпико пред нашите навивачи и немам проблем да кажам во моментов дека чувствувам дека сме фаворити за пласман во полуфиналето. Имам целосна верба во моите играчи, во стадионот, во поддршката од нашите навивачи. Очигледно, Бодо/Глимт се тежок тим, но исто така верувам дека ќе имаме добар судија и асистент во реваншот, -рече Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни