Поврзете се со нас

Италија

Мурињо и се извини на Салернитана, а го „пецна“ Бодо Глимт: Ние сме цивилизирани луѓе

Објавено

на

Рома многу потешко од очекувањата ја доби пресметката со Салернитана со 2-1, резулат со кој ја задржа петтата позиција на табелата во Калчо лигата.

Овој дуел донесе и тензија, нервоза крај аут линијата во која беше инволвиран тренерот на гостите Давиде Никола и помошникот на Жозе Мурињо, Салваторе Фоти. Фоти го испровоцира Никола, мораше да реагира Мурињо кој на крајот на средбата објасни што се случило, се извини, но притоа во свој стил го пецна нивниот следен ривал Бодо Глимт.

-Ќе ви ја кажам вистината, не како некои клубови или полицијата. Некој од мојата клупа им кажа на луѓето од Салернитана дека се селат во Серија Б. Сакам да се извинам за човекот кој го кажа тоа. Ние сме цивилизирани луѓе, тоа што се случува на теренот останува таму. Никој не чека надвор 45 минути подоцна за да го удри некого во лице, -исткна Жозе.

Португалецот со ова алудираше на случуавњата во Норвешка на средбата против Бодо каде двата клуба се обвинуваа за напад во кој биле вклучени предводникот на домаќините Кјетил Кнутсен и тренерот на голманите на Рома, Нуно Гомеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни