Поврзете се со нас

Македонија

Мукаетов од промоцијата на РК Алкалоид: Новиот дом ќе ни овозможи остварување на амбициите

Објавено

на

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид денеска ја претстави својата база, салата во Автокоманда, која изминатиот период беше реновирана и доведена на многу повисоки ракометни стандарди.

Екипите на РК Алкалоид во иднина ќе имаат свој модерен дом, а со квалитетни тренинзи ќе се обидат да се најдат на врвот на македонската ракометна сцена во повеќе категории.

Живко Мукаетов како главен спонзор и поддржувач на РК Алкалоид не го криеше задоволството од денешниот настан.

– Ние градиме спорт во кој вредностите се многу важни, многу е важно работењето со младите и градење на систем, па од тој аспект е многу добро да се појават што повеќе проекти како РК Алкалоид.

– Би сакал да ги мотивираме и другите многу повеќе да работат со младите категории и да водат грижа за македонските играчи.

–  Ако сакаме да ги исполниме амбициите, мора да имаме свој дом, затоа што е невозможно да се направи такво нешто без инфраструктура. Сега може да се работи од утро до мрак и сите овие генерации ќе имаат максимални услови од сите аспекти. Ќе го следиме развојот на секој играч во рамките на системот и тоа ќе придонесе да го имплементираме она што сме го виделе надвор во клубот, но и пошироко, – вели Мукаетов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни