Поврзете се со нас

Свет

Меси: Златната топка? Веќе ја освоив најголемата награда

Објавено

на

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси во интервјуто за шпански „Спорт“ говореше на најразлични теми, актелности, а меѓу нив стана збор и за „Златната топка“.

Меси е меѓу финалистите за ова престижно признание и меѓу фаворитити за да го добие истото, но тој признава дека воопшто не размислува за тоа од проста причина што веќе ја освоил најголемата награда во оваа календарска година-титулата со Аргентина на Копа Америка.

-Вистината е дека не размислувам за „Златната топка“. Најголемата награда беше она што го постигнав со националниот тим. Се боревме толку напорно за тоа, тоа беше крајната цел. Ако ја освојам седмата Златна топка ќе биде лудо, ако не тогаш нема ников проблем, -порача Лео кој во оваа календарска година со Барса триумфираше и во Купот на Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни