Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси во најбурно издание во кариерата: Што гледаш глупаку….. (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси ја водеше својата Аргентина до уште една голема победа на мундијалите, но триумфот над Холандија не беше драматичен само поради пенал рулетот, туку поради и сето она што се случуваше на теренот.

Тензијата настана во самиот финиш на регуларните 90 минути и ситуацијата ескалираше откако Холандија израмни на 2:2 во 100-та минута, но големиот број провокации и невкусни потези на крајот резултираа и со најбурно интервју во кариерата на Меси.

Аргентина победи во пенал рулетот и се пласираше во полуфиналето на Светското првенество, но покрај моментите на еуфорија, Меси во себе имал и голема лутина.

– Не сакам да зборувам за судијата, зошто не може да бидете доволно искрен. Ако зборувам што мислам, ќе бидам санкциониран. ФИФА мора да помисли на тоа, не може да стави ваков судија на вака важен меч. Не може да имаме судија кој не е на нивото. Имавме страв од него пред мечот, имаше многу детали кои одеа против нас. Не само поради 10-те минути продолжение, имавме чувство како да сака да ни израмнат, – изјави Меси за Матеу Лахоз, а не го штедеше и Ван Гал кој даваше провокативни изјави пред четвртфиналето.

– Ван Гал продава дека игра толку добар фудбал, но тој само фрла нафрлени топки кон неговите големи момци во нападот. Неговите изјави не беа коректни, тој покажа непочитување кон аргентинската репрезентација, – изјави Меси, кој посебно бил лут на стрелецот на двата гола на Холандија, Вегорст.

– Што гледаш глупаку, што гледаш…. Оди си по патот, оди, – му порачал Меси на Вегорст во бурното интервју.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни