Поврзете се со нас

Франција

Меси е еден од четворицата играчи на ПСЖ кои не внимавале на протоколите за време на одморот (Фото)

Објавено

на

Играчите на ПСЖ им се вратија на тренинзите по малата пауза која ја имаа по повод божиќните и новогодишните празници, но четворица фудбалери очигледно не внимавале доволно за време на одморот, а еден од нив е и Лионел Меси.

Аргентинската фубалска ѕвезда се вратила во Париз со позитивен тест на Ковид 19, што прави автоматски да замине во изолација и да биде отсустен најмалку десет дена пред да добие дозвола за враќање на терените.

ПСЖ утре игра против нисколигашот Ван во Купот, а покрај Меси, Покетино нема да може да смета на уште тројца фудбалери кои исто така „закачиле“ коронавирус.

Во официјалното соопштение на клубот, се вели дека Лионел Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала се играчите кои се позитивни на вирусот, поради што добиле експресно решение за изолација согласно здравствените протоколи во Франција.

Дополнително, во истата објава, ПСЖ појаснува дека Нејмар ќе продолжи со рехабилитацијата во Бразил до 9-ти јануари, по што се очекува да се врати во Париз и да им се приклучи на тренинзите за период од три седмици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни