АТП
Медведев немаше милост кон својот најдобар пријател и се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес Опен

Данил Медведев и Андреј Рубљов беа двајцата руски претставници во четвртфиналето на Ју-Ес Опен, а уште претходно се знаеше дека само еден ќе игра во полуфиналето.
Пресметката на двајцата најдобри пријатели се одигра во брутално тешки услови за игра и двајцата имаа физички проблеми во текот на мечот, но на крајот подобро се снајде подоброрангираниот.
Данил и Андреј страдаа со неверојатната топлина и големата влажност на „Артур Еш“, но на крајот популарниот Медо славеше во три сета и сигурно побрзо ќе заборави и на поплаките кои ги имаше за време на мечот.
Во првата фаза од мечот се играше бавен тенис и двајцата тенисери имаа проблеми со своите сервиси, а во таква ситуација, Медведев профитираше и поведе со 6:4 и 6:3.
Рубљов имаше предност од брејк во сите три сета кои ги одигра со ривалот на кој истовремено му е кум, но испушти предност во три наврати и на крајот мечот се заврши со 6:4, 6:3 и 6:4.
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 18 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 18 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 17 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 19 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 18 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 19 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)