Поврзете се со нас

Франција

Мбапе говореше за францускиот шампионат и му даде поддршка на Меси: Тешко е…

Објавено

на

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Килијан Мбапе зборуваше за условите за игра во францускиот шампионат и тежината на ова натпреварување.

Според младиот офанзивец француското првенство е доста тешко за игра, а играчите кои доаѓаат да играат во него од други средини потешко се прилагодуваат.

Ваквите зборови на Мбапе очигледно беа упатени како поддршка за Лионел Меси кој се уште не може да се адаптира во новата средина во Париз иако долги години е во врвот на светскиот фудбал.

– Лига 1 е тешко натпреварување, многу тешко. Интензитетот е луд, играчите се физички подготвени, а има и многу контакти и никој не е поштеден. Добивате многу удари во нозете и не е лесно.

– Мислам дека во оваа сезона се игра поубав фудбал, ми се чини дека лигата е многу подобра за гледање отколку претходните години. Француското првенство е познато по физичката подготвеност и тактиката, па за прилагодување е потребно повеќе време,- изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни