Германија
Матеус: Баерн го доживеа најголемиот срам во последните 20 години

Баерн Минхен вчера претрпе голем срам во Куп и доживеа елиминација од третолигашот Сарбрикен, резултат кој стана топ тема во цела спортска јавност во Германија.
Томас Тухел презема одговорност и посочи дека играта на тимот била неприфатлива, но сепак најголемите критики пристигнаа од Лотар Матеус кој веќе некое време говори за големите пропусти во играта на тимот кој го води поранешниот тренер на Челси.
– Поразот од Сарбрикен е најголемиот срам за Баерн од 1994-та година, кога јас со мојот тим на Баерн загубивме од Вестенбергсгројт. Но, ова сепак е нешто друго поради последните резултати на Баерн во Купот. Да испаднете четири пати во низа во Купот е голем срам за Баерн Минхен. Претходните сезони беа елиминирани од Кил, потоа од Менхенгладбах, од Фрајбург и сега од Сарбрикен. Ова е тешко за објаснување.
– Поминаа месеци откако тимот го презема Тухел, но тие не играат подобро од она што го играат со Јулијан Нагелсман. Големите победи над Бохум и Дармштад беа во ред, но ако бидеме искрени, имаа многу среќа против Копенхаген, Галатасарај, Јунајтед и со Мајнц.
– Нешто не е сосема во ред, тимот чека само индивидуални потези од Мусиала, Сане и Кејн, а тоа понекогаш не носи резултат. Тухел се уште може да донесе успех, но засега е далеку од тоа. Освојувањето на Бундеслигата нема да биде доволно, веќе лани ја освоија со многу среќа и тоа нема да биде успешна сезона, – вели Матеус.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него