Поврзете се со нас

Свет

Мартинез за Азар: Ќе бидам загрижен ако…

Објавено

на

Еден Азар и во оваа сезона не е во прв план во Реал Мадрид, знае да биде повреден, но и кога е фит, спремен не е во фокусот на тренерот Карло Анчелоти кој засега повеќе им верува на некои други играчи.

Секако Азар не е среќен, задоволен и тоа го знае и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

-Ова е невообичаена ситуација, не ја очекувавме. Медицински гледано тој е добро и знаеме дека дополнително рбаоти за да биде во форма. Тој сака да направи се што е можно за повторно да го достигне своето максимално ниво, -рече Мартинез и додаде:

-Нема да се грижиме додека Еден не престане да ужива во фудбалот, засега тоа не е така. Мислам дека може силно да ја заврши сезоната, -заврши Роберто кој секогаш го вади максимумот од офанзивецот кога тој го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни