Поврзете се со нас

Репрезентација

Манев: Никој не може да и се заканува на Италија, ама…

Објавено

на

Македонија во наредниов период ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство со тоа што сега фокусот е ставен на првиот, соочувањето со Италија во Скопје.

Средбата се игра во сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и тоа во вечерниот термин од 20:45 часот. Италијанците доаѓаа во нашата престолнина со нов селектор во името на Лучијано Спалети, а секако и со желба, цел да бидат освоени трите бода.

Нашите репрезентативци им го препуштаат статусот на фаворити на „нероаѕурите“, ама во исто време најавуваат залагање, борба и обид да се дојде до позитивен резултат.

-Никој не може да и се заканува на Италија. Сите знаеме за каква фудбалска сила се работи. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот. Ако не веруваме, нема да бидеме тука, -порача дефанзивецот Јован Манев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни