Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед сепак ќе го пушти играчот за кој Рангник не дозволуваше продажба

Објавено

на

Последните вести од Островот поврзани со Манчестер Јунајтед говорат дека „ѓаволите“ во јануари сепак ќе му дозволат на Дони ван де Бек да си замине од тимот.

Холанѓанецот воопшто не добиваше шанса од Оле Гунар Солскјер, а сега не добива и од Ралф Рангник па јасно беше дека тој преку неговиот агент ќе побара заминување од „Олд Трафорд“ макар на привремена основа.

Рангник пред неколку дена потврди дека тој лично би сакал Ван де Бек да остане во клубот, но според последните информации на „ЕСПН“, Манчестер Јунајтед ќе го пушти играчот на позајмица доколку има некој заинтересиран клуб.

Првично, за позајмицата да се реализира заинтересираниот клуб ќе треба да ја плати целата плата на фудбалерот, а на крај Ралф Рангник да даде конечно зелено светло за негово привремено заминување од „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни