Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед ќе се засилува во јануари, прва опција фудбалер од премиерлигашки ривал

Објавено

на

Од таборот на Манчестер Јунајтед донеле одлука да ги засилат своите редови во јануарскиот преоден рок со цел колку толку да се подобри ситуацијата во клубот.

По пристигнувањето на Ралф Рангник сите очекуваа свежина во таборот на „ѓаволите“, но наместо тоа се случи уште поголем пад па сега атмосферата во клубот дефинитивно е на лошо ниво.

За колку толку да се поправат работите, од раководството на клубот ќе издвојат средства за нови засилувања, а примарна опција за Рангник ќе биде ангажман на играч од средниот ред.

Како прва трансфер цел на „ѓаволите“ е посочен Рубен Невеш од Вулверхемптон кој ќе го чини клубот од „Олд Трафорд“ 35 милиони фунти.

24 годишниот фудбалер игра одлично во Премиер лигата неколку сезони и сигурно ќе биде од помош за клубот кој се мачи оваа сезона.

Освен Невеш, се разгледува опцијата за ангажман и на фудбалерот на Марсеј, Бубакар Камара кој е слободен за иста сума колку што Јунајтед ќе треба да плати за Рубен Невеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни