Поврзете се со нас

Италија

Малдини објасни зошто Милан го купил Де Кетелар наместо Дибала

Објавено

на

Паоло Малдини посочи дека искуството било на страна на Интер во полуфиналето кое заврши со елиминација за Милан во Лигата на шампионите, но во давањето образложенија за непријатниот пораз, техничкиот директор на клубот се осврнал и за ангажанот на најголемото летно засилување.

Шарл Де Кетелар немаше никаква улога на двата меча против Интер и тоа е само потврда за ужасната прва сезона која ја има во Милано, а Малдини со последната изјава откри дека клубот му дал приоритет нему пред Паоло Дибала со кого долго се преговараше.

– Ќе беше полесно за нас, па дури и поевтино да одиме по играч како Пауло Дибала во летниот преоден рок. Но, дали тој ќе беше вистинскиот за нашиот проект? Дали ќе беше одобрен од газдите?

– Одговорот е НЕ. Ние имавме јасна идеја и таа идеја се заснова врз градење на млад и талентиран тим. Секогаш е ризично со млади фудбалери, но времето е пред нив.

– Сандро Тонали исто така имаше проблеми првата сезона, сега истото му се случува на Шарл. Сепак, нашата идеја останува иста, останува да инвестираме во млади играчи, – вели Малдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни