Поврзете се со нас

АБА лига

Максимално ги искористи своите минути: Симиќ двоцифрен во победата над Осијек (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ имаше одлична партија во дресот на Борац Бања Лука против Осијек во АБА2 лигата.

Претставникот на БиХ славеше со 81-70, а еден од најзабележителните играчи кај победникот беше токму нашиот центар кој максимално ги искористи своите минути на паркетот. Симиќ влезе од клупата и за 18 минути реализираше 12 поени со што беше втор стрелец во екипата за Ланговиќ со 31 поен.

Тео зад своето име додаде уште 4 скока, 1 украдена и 3 загубени топки.

Борац има максимални два од два и е дел од групата на шест тимови кои првиот балон во АБА2 лигата го завршија со перфектен учинок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни