Поврзете се со нас

Евролига

Макаби падна во Атина, Панатинаикос дојде до Ф4 билет по пауза од 12 години (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroLeague

Кошаркарите на Панатинаикос изборија место на завршниот турнир во Евролигата и тоа откако вечерва ја добија „мајсторката“ со Макаби Тел Авив.

Грчкиот тим ја искористи предноста на домашниот терен и со славје од 81:72 ја затвори оваа интересна серија со Макаби. Решаваа нијанси, првиот дел мина во израмнета игра и резултат 41-41.

По одморот „зелено-белите“ го добија третиот период со 17-15, а последниот со 23-16 што беше повеќе од доволно за да се дојде до целта, пласман на фајналфор турнирот во Берлин.

ПАО по пауза од 12 години се враќа на оваа сцена на која ги одведе Ергин Атаман кој уште еднаш потврди дека е навистина квалитетен тренер.

Кога се во прашање стрелците, Нан блескаше со 26 кај победикот, Браун испорача 19 кошеви со 4 скока и 7 асистенции за гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни