Поврзете се со нас

Франција

Магија во Бордо: Нејмар и Мбапе со акција како на мал фудбал ја изработија противничката одбрана (Видео)

Објавено

на

ПСЖ запиша уште една дерби победа во француската Лига 1, откако вечерва на гостински терен кај Бордо славеше благодарение на магијата на своите две големи ѕвезди.

Во отсуство на повредениот Лионел Меси, посебно расположени за игра вечерва беа Нејмар и Мбапе, кои покрај трите гола кои ги постигнаа, понудија и една фудбалска бравура, односно режираа акција како на мал фудбал.

Нејмар беше стрелец на првите два гола за водство од 0:2, но оној вториот беше импресивен поради начинот на кој се проиграа со Мбапе кој инаку му асистираше и за првиот погодок.

Бразилецот доби повратна топка со пета и со огромна леснотија ја матираше противничката одбрана, што беше најава за победата на „светците“ која сепак не мина без страдање.

Мбапе зголеми на 0:3 во вториот дел по додавањето од Вајналдум, но Бордо се избори за подостоен пораз од 2:3 со головите на Елис и Нианг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни