Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул во големи проблеми, побарал одложување на натпреварот со Арсенал

Објавено

на

Од  таборот на Ливерпул потврдија дека побарале одложување на натпреварот од полуфиналето во Лига Купот против Арсенал.

Причината за тоа е што во тимот има голем број на фудбалери со сомнителни тестови, како и голем број повредени играчи и отсустни фудбалери кои веќе се упатија на африканскиот Куп на нациите.

Токму поради овие факти денешниот тренинг на клубот бил откажан, а сега било побарано и одложување на средбата со Арсенал.

Сомнителни тестови на Ковид-19 пред неколку денови имаа АЛисон, Фирмино и Матип, додека повредени се Харви Елиот, Такуми Минамино, Дивок Ориги, Нат Филипс и Тијаго Алкантара.

Ако на овие играчи се додадат фудбалерите кои веќе заминаа на африканскиот Куп на нациите, Садио Мане, Мо Салах и Наби Кеита станува јасно дека Ливерпул има сериозни проблеми со составувањето на тимот.

Според првичните најави се очекува од ЕФЛ да им излезат во пресрет на „црвените“ од Ливерпул и да го одложат натпреварот кој треба да се одигра во четврток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни