Поврзете се со нас

Франција

Леонардо се огласи за сензационалниот „домино ефект“ меѓу Покетино и Зидан

Објавено

на

Англиските и француските медиуми во изминативе неколку дена на големо пишуваа за сензационален „домино ефект“ во Манчестер и Париз, односно тренерски смени кои ќе имаат влијание една врз друга со оглед на ситуацијата на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед за свој прв избор го постави Маурисио Покетино, но во ситуација кога е се појасно дека нов привремен тренер ќе биде Ралф Рангник, со децидна изјава во јавноста се јави и главниот оперативец на ПСЖ.

Бразилецот Леонардо се огласи за сите шпекулации поврзани со клубот, односно со гласините за заминување на Покетино и сензационално пристигнување на Зинедин Зидан како негова експресна замена.

– Не сакаме да си замине Покетино. Никогаш не го побаравме тоа од него и во ниту еден момент тој не стапил во нас за да побара такво нешто. Истовремено, ниту еден клуб нема испратено понуда за Покетино.

– Зидан? Имаме максимален респект за сето она што го направи Зинедин Зидан како играч и како тренер, но можам јасно и отворемно да ви порачам дека не сме стапиле во контакт со него, а и немам закажано средба со него, – изјави Леонардо за новинската агенција „АФП“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни