Поврзете се со нас

Англија

Лено го нападна Артета: Никогаш не би го направил тоа

Објавено

на

Арон Рамздејл ја почна сезоната како прв голман на Барселона и тоа изгледаше како сигурна опција до пред само една недела, кога Микел Артета се одлучи да му даде шанса на едно од последните летни засилувања.

Давид Раја доби шанса против Евертон и ја сочува својата мрежа во победата од 0:1, но потоа се најде во стартниот тим и на мечот против ПСВ во Лигата на шампионите.

Очигледно е дека Артета во овој момент не знае кој е прв голман и не сакаше да открива дали одлуката со Раја ја донел на долгорочен план, но истата од јавноста е протолкувана како експеримент и му донесе и доста критики.

Англиската јавност не може да разбере зошто Артета го седна Рамздејл на клупа, а ова направи да видиме и изјава од голманот кој во минатото беше жртва на сличен потег од Артета.

– Кога градите еден однос, потребно е да помине време за да го изградите. Да сум менаџер, никогаш не би го менувал својот голман само поради противникот кој следи. Не е добро да се прави ротација на голот. Не го велам ова само во мое име, сум зборувал со многу дефанзивци и со многу голмани за ова. Не гледам логика да се менува голман поради тоа што едниот е подобар во играта со нога, а другиот поради тоа што е подобар на гол-линијата, – вели Бернд Лено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни