Поврзете се со нас

НБА

Лејкерс фати победнички ритам, фантастичниот Едвардс застана рамо до рамо со Леброн и Дурент (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс влегоа во победничка низа, а нивна најнова жртва беше составот на Шарлот Хорнетс кој беше совладан во „Стејплс Центарот“ со 116-105.

Ова за актуелниот шампион беше четврти триумф во низа со што е се поблиску до лидерот во западната конференција Јута Џез. Џејмс со 37 поени, 8 скокови и 6 асистенции беше лидер во ова ново славје, а не треба да се заборави ниту Шрудер со 22 кошеви, 4 скокови и 7 асистенции.

Кај поразените прво име беше Бол со 26 поени.

Минесота направи изненадување и славеше во Аризона кај Феникс со 123-119. Луда партија имаше двоецот Таунс и Едвардс, двајцата искомбинираа дури 83 поени и со тоа им го отворија патот на волците до победата.

Едвардс (42 поени) стана дебитатот со најмногу дадени кошеви во историјата на клубот, а воедно со 19 години и 226 денови стана третиот најмлад играч во НБА кој уфрлил 40 или повеќе поени, односно пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

Залудни за Феникс пак беа 35 поени кои ги уфрли бекот Букер.

Резултати: Вашингтон – Јута 131-122, Атланта – Оклахома 116-93, Њујорк – Орландо 94-93, Феникс – Минесота 119-123, Портланд – Њу Орлеанс 101-93, ЛА Лејкерс – Шарлот 116-105

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни