Поврзете се со нас

НБА

Леброн ќе направи анализа дали е време за пензија по потопот од Јокиќ и Денвер (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Леброн Џејмс не штедеше комплименти за играта на Никола Јокиќ и нагласи дека не постои играч како Србинот во НБА лигата, но покрај пофалбите за ривалот од кој загуби 4:0 во финалната серија на Западот, една реченица од неговиот прес беше причина за голем потрес во спортска Америка.

„Кралот Џејс“ ја заврши прес-конференцијата со реченицата „Ќе видиме што ќе донесе иднината, ќе мора да размислам што ќе правам со кошарката“, по што „ЕСПН“ се погрижи да добие подетален одговор со неколку кратки прашања.

Угледниот медиум ја долови конверзацијта која ја имал новинарот со најголемата ѕвезда на „езерџиите“, која најверојатно е толку повредена од тешкиот пораз, што ќе прави анализа и дали е време за пензија.

Новинар: Кога рече дека треба да размислиш за некои работи, кои заклучок треба да го извлечеме од тоа?

Леброн: Дали сакам да продолжам да играм.

Новинар: Зборуваш за следната сезона?

Леброн: Да.

Новинар: Би се повлекол?

Леброн: Мора да размислам за тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни