Поврзете се со нас

НБА

Леброн го разнесе судијата при контрата на Лејкерс, финалето беше во прекин неколку минути (Видео)

Објавено

на

Денвер се покажува како преголем залак за Лос Анџелес Лејкерс во финалето на Западната конференција и Нагетси рано утрово славеа и на првиот гостински меч кај „езерџиите“, по што сега имаат убедлива предност од 3:0.

Никола Јокиќ, Џамал Мареј и останатите играчи на тренерот Мелоун се на една победа од остварување на сонот и пласманот во големото НБА финале, а за тоа колку се квалитетни како тим покажаа и на гостувањето во „Крипто арената“.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис не може да го извадат тимот на вистинскиот пат и мораа да се помират со третиот пораз, во кој „кралот“ имаше и еден нескојдневен инцидент со судијата.

При крајот на втората четвртина, Леброн се залета во обид за контра и го разнесе судијта кој се најде на неговиот пат, па така искусниот Скот Фостер мораше да добие и лекарска помош.

Познатиот судија доби расекотина на устата од ударот кој го доби од Леброн, па замина на мала интервенција крај теренот пред да се врати да ги доврши обврските.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни