Поврзете се со нас

Франција

„Ле Паризиен“: ПСЖ и Рамос викендов постигнале договор, Хакими пристигнува на прегледи

Објавено

на

Серхио Рамос постигнал дефинитивен договор со ПСЖ и ќе се пресели во редовите на францускиот клуб, – објави ексклузивно попладнево „Ле Паризиен“.

Претставниците на Рамос во преговорите ги неутрализирале разликите во однос на правата и обврските за дефанзивецот и францускиот вицепрвак, па многу скоро ќе биде објавено големото засилување на одбраната.

Рамос по 16 сезони го напушти Реал Мадрид, па сега ќе се обиде да му помогне на парискиот клуб да стигне до првиот трофеј во Лигата на шампионите.

Напредок има и во однос на трансферот на Ашраф Хакими, што според „Ле Паризиен“ значи дека Мароканецот веќе ги договорил деталите за петгодишниот договор, а неговата промоција ќе се случи откако ќе ги мине лекарските прегледи уште во текот на претстојната недела.

Џиџио Донарума веќе ги мина лекарските прегледи, но ќе биде потврден како засилување по Европското првенство, а ПСЖ веќе го промовираше Џорџинио Вајналдум како свој нов фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни