Поврзете се со нас

Македонија

Лазаревски го продолжи договорот со Вардар: Верувам во овој проект, овој тим допрва ќе го покаже своето вистинско лице (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонскиот репрезентативец, Милан Лазаревски ја продолжи соработката со двократниот европски шампион Вардар до  2026 година.

Лазаревски од 2022 година е дел од „црвено-црните“ со тоа што во оваа сезона ги има најдобрите партии, експлодираше на теренот и со тоа избори место и во нашата репрезентација со која што настапи на Европското првенство во Германија.

-Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, -порача популарниот Мечка за официјалнот веб сајт на клубот.

foto:www.facebook.com/rkvardar

Кружниот напаѓач во досегашната кариера има настапувано уште за Металург и Тимо Требње во Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни