Поврзете се со нас

Англија

Клоп филозофски го објасни поразот: Уметност е да се загуби…

Објавено

на

Ливерпул загуби на домашен терен од Интер, но менаџерот Јирген Клоп е убеден дека неговиот тим заслужил да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Германецот филозофски го објасни негативниот резултат на „Енфилд“, каде „црвените“ повторно добија жестока поддршка од фановите.

– Уметноста на фудбалот е да се загубат вистинските натпревари.

– Тоа не значи дека не ми пречи поразот, но ако има натпревар на кој можевме да си дозволиме да загубиме, тоа е овој, бидејќи главна цел на натпреварувањето е да се пласираш во следната фаза.

– Среќен сум што одиме натаму бидејќи немавме лесна ждрепка, а во меѓувреме мора да ја подобриме реализацијата и користењето на прекините, – изјавил Клоп.

Ливерпул на првата средба победи со 2:0 и оди во следната рунда благодарение на таа победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни