Италија
Кјелини: Му простив на Конте, но сигурно не спие мирно навечер
Џорџо Кјелини предизвика огромна бура од реакции со објавата на својата автобиографија насловена „Јас, Џорџо“, но откако ова утро одлучи да ги закопа „воените секири“ со Марио Балотели на кого јавно му се извини за зборовите употребени во книгата, искусниот стопер сега се осврна на човекот кој фановите на Јувентус сега го сметаат за „предваник“.
Капитенот на Јувентус се осврна на Антонио Конте кој изминатово лето го прифати проектот на Интер како идеално сценарио за продолжување на кариерата, потег кој секако ги повреди и разлути фановите на Јуве кои на некогашниот дефанзивец гледаа како на голем миленик.
Кјелини открива дека му простил на Конте само поради тоа што добро го познава, но исто така уверен е дека Антонио има непроспиени ноќи кога гледа кој грб го носи на својата опрема.
– Му простив за тоа што е во Интер само поради тоа што го знам, поради тоа што го сакам и поради тоа што знам дека отиде таму како сериозен професионалец.
– И покрај тоа, сигурен сум дека има непроспиени ноќи и дека кога го гледа грбот на Интер, се двоуми дали донесе вистинска одлука. Стојам зад тоа дека Јувентус е многу подобар тим од Интер. Но, во фудбалот не победува најдобриот, туку најконстантниот, – објаснува Кјелини.
-
НБА17 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Свет23 часа
Крстовски ги постигна првите два гола во Турција и донесе победа за својот тим (Видео)