Поврзете се со нас

Англија

Касано го спореди Халанд со две легенди, но и порача: Тој не е најдобриот напаѓач на Сити

Објавено

на

Ерлинг Халанд имаше импресивни изданија во Салцбург и Борусија Дортмунд по што летово се пресели во Манчестер Сити, а ако се суди по самиот почеток тој ќе „гази“ растура и во англискиот шампион.

Многумина се прашуваа како Норвежанецот ќе се снајде во овој најтежок досегашен предизвик во кариерата, а тој одговорот го даде на теренот каде веќе даде 10 гола за клубот во Премиер лигата. Останува да видиме како ќе продолжи оваа приказна, но во меѓувреме Антонио Касано даде една интересна изјава за него.

Поранешниот италијански репрезентативец го спореди Ерлинд со Кристијан Виери и Адријано, но воедно изненадувачки порача дека тој не е најдобриот напаѓач кој Сити го има на располагање.

-Тој е посебен, во него гледам малку од Адријано од Интер и продорот на Виери. Халанд е многу силен, тој е еден вид Ромелу Лукаку, но многу посилен иако мислам дека Хулијан Алварез е подобар затоа што има повеќе квалитет, -порача Антонио за „Бобо ТВ“ на „Твич“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни