Поврзете се со нас

Англија

Карагер со неочекуван предлог за тренер на Јунајтед: Би било глупаво ако не се обидат да го ангажираат

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега стручен аналитичар на состојбите во англискиот фудбал, Џејми Карагер даде сосема неочекуван коментар во врска со барањето на нов тренер од страна на Манчестер Јунајтед.

Карагер смета дека од раководството на Јунајтед треба одблиску да ја следат ситуацијата во Челси и ако им се даде прилика да тргнат по услугите на Томас Тухел.

Вакво ншто би било помалку неочекувано, но Карагер тврди дека токму Тухел е тренерот кој е потребен на Манчестер Јунајтед во моментов.

– Никој менаџер не сака да работи под такви неразјаснети околности. Ако добие шанса да си замине за клуб каков што е Манчестер Јунајтед, мора да ја зграпчи. Јунајтед може да му понуди стабилност и поддршка за која копнее секој голем тренер.

– Само клубови од врвен калибар може да го привлечат. Од Манчестер Јунајтед ќе бидат глупави ако не ја разгледаат оваа опција. Како тренер тој е токму она што им треба, -изјави Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни