Поврзете се со нас

Светски првенства

Капитенот со капитенска изјава: Заминуваме со кренати глави, никој не веруваше дека ќе го сториме ова

Објавено

на

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски по поразот од Португалија по кој останавме без пласман на Светското првенство, даде коментар со кој се обиде да ги охрабри своите соиграчи и целата македонска фудбалска јавност.

Македонија испиша уште една историја, дојде на чекор до пласман на еден Мундијал, најголемо фудбалско натпреварување во светот.

Ристовски истакна дека од „Драгао“ заминале со кренати глави и дека се горди на тоа што го постигнале во овие квалификации, најавувајќи дека нема да застанат тука.

– Сакам да и честитам на Португалија, ова беше отворен натпревар во кој тие доминираа, но на крајот ние заминуваме со кренати глави. Никој не веруваше дека ќе стигнеме до тука и токму затоа мора да бидеме горди. Бевме креатори на шок кој го обиколи светот на фудбалот, но мора да продолжиме да работиме и да веруваме дека можеме да играме на повеќе натпревари како овој, -изјави Ристовски кој потоа потврди дека ќе навива за Португалија на Светското првенство.

-Секако дека ќе ја поддржувам Португалија, се чувствувам малку како Португалец. Мојот син е роден тука, имам португалски пасош и сакам Португалија да го освои Светското првенство.  Кога играте против вака големи тимови, со играчи како Бруно и РОналдо, не смеете да правите грешка. Ние направивме и Португалија ја искористи. Го дадовме максимумот, се обидувавме да израмниме, но вториот гол ни ги урна надежите, -заврши Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни