Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело го детектираше најголемиот проблем на италијанските екипи во Лигата на шампионите

Објавено

на

Италија остана без ниту еден претставник во Лигата на шампионите, епилог кој не му се допадна ниту на искусниот Фабио Капело.

Поранешниот тренер смета дека Јувентус и Интер најмногу треба да жалат што не се дел од завршните фази, Лацио не можел да се носи со Баерн, додека Аталанта ја пропуштила шансата на првата средба со Реал Мадрид.

Но, Капело се обидел да ја открие и причината зошто италијанските екипи не можат да им парираат на во моментов најмоќните европски клубови предводени од Баерн Минхен.

– Големите европски клубови имаат фудбалери со брзина каква што ние немаме во Италија. Ги имаме Киеза, Лацари и кој друг?

– Баерн е на друго ниво, играат неверојатно брзо, видов фудбалери кои се враќаа на својата половина и при вкупен резултат 6:1. Италијански тим во таа ситуација би бил многу порелаксиран. Пресингот на Баерн му создаде многу проблеми на Лацио, впрочем најразоран сум од оваа екипа, бидејќи не видовме речиси ништо од тоа што го гледаме од нив во Серија А.

– Треба да се погрижиме италијанскиот фудбал да стане побрз и главен приоритет на фудбалерите да не биде паѓањето на земја и извлекувањето прекршок, – изјавил Капело во студиото на „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни