Поврзете се со нас

Италија

Капело беше голем заштитник на Алегри, но сега јавно го прозва тренерот на Јувентус: Не можам да сфатам

Објавено

на

Јувентус испрати само еден удар кон голот на Фиорентина во 90 минути и имаше среќа што остана непоразен во дербито, бидејќи домашниот тим беше единствениот кој се обиде да стигне до победата во второто полувреме.

Тимот на Алегри не изгледаше како тим кој се бори за Скудетото во вторите 45 минути и тифозите на Јувентус останаа фрустрирани од лошата игра и изданието на тимот, па со своја анализа сега се јави и човекот кој е голем заштитник на Макс.

Легендарниот Фабио Капело во повеќе наврати ја бранел филозофијата на Алегри и верува дека тој е вистинскиот човек за Јуве, но сега јавно го прозва и му порача дека мора да поработи на сликата која ја остава тимот.

– И покрај критики кои ги добива Јувентус за играта, ја погледнав табелата и гледам дека се само на два бода од првото место. Но, треба да се биде реален и да се постави прашањето, дали Јуве играше добро? Тоа е тим кој се гради, недостасуваат важни играчи, но Јувентус не може да игра на таков начин.

– Одиграа добро прво полувреме, но Алегри мора да направи нешто повеќе. Макс, престани да се шегуваш, те сакаме, но сакаме и поубав Јувентус, поубав фудбал. Во овој момент, Јуве блеснува само на моменти и не знам на што играат. Исто така, не го сфаќам Алегри со неговата изјава. Вели дека најважниот меч во Лигата на шампионите е оној против Бенфика за неколку недели. Зошто тогаш не играше Влаховиќ и го одмораше против Фиорентина?, – се запрашува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни